ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ
ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ
Транспарентност и јавност во судските постапки по однос на казнените дела во врска со изборите
Период на имплементација: септември 2009 – април 2010 година
Основни цели
- да се придонесе кон демократски изборен процес и владеење на правото во Република Македонија
- адресирање на институционалните и правни недостатоци при процесуирањето на овие судски постапки
- идентификување потреба за институционални и легислативни реформи
- зголемување на довербата на граѓаните во правниот систем и правосудството
Проектни активности
- Набљудување на судски постапки
- Спроведување на 3 работилници со Академија за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија
- Спроведување на интервјуа со актерите во постапките (судечки судии, обвинители и адвокати)
- Подготовка на периодичен наративен извештај
- Подготовка на периодичен прогрес извештај (базиран на податоци собрани од прашалниците во периодот септември – декември 2009 година),
- Презентирање на периодичниот извештај во јавност (прес конференција) и негова дистрибуција
- Подготовка на финален извештај во кој што ќе се презентираат податоците собрани во текот на набљудувањето на судските постапки од сите судења во сферата на изборни нерегуларности
- Прес конференција за презентација на резултатите на проектот
Набљудување на институционалниот одговор врз изборните нерегуларности
Период на имплементација: јули 2008 – јуни 2009 година
Основни цели
- зголемување на довербата на граѓаните во правниот систем и правосудството
- покренување на потреба за институционални и легислативни реформи
- придонес кон фер и демократски изборен процес
- адресирање на институционалните и правни недостатоци
Проектни активности
- Набљудување на судски постапки
- Подготовка на периодичен наративен извештај
- Подготовка на периодичен извештај (базиран на податоци собрани од прашалниците во периодот јули – декември 2008 година)
- Тркалезна маса
- Подготовка на финален извештај во кој што се презентирани податоците собрани во текот на набљудувањето на судските постапки од сите судења во сферата на изборните нерегуларности
- Прес конференција за презентација на резултатите на проектот и негова дистрибуција
Во финалниот извештај ќе биде опфатена и анализа на сите податоци од прашалниците пополнети од страна на набљудувачите во судските постапки против наводните вршителите на изборните нерегуларности.
Следење на кривичниот прогон во врска со делата против изборите и гласањето
Период на имплементација: јули 2005 година
Основни цели
- утврдување на подготвеноста на државните институции да се справат со изборните нерегуларности, особено подготвеноста на судскиот систем да се справи со лицата кои за време на локалните избори 2005 година извршија кривични дела против изборите и гласањето
- идентификување на проблемите со кои се соочува судството при гонење на сторителите на кривичните дела против изборите и гласањето и предлагање правни и институционални реформи
- постигнување поголема ефикасност во борбата за успешно справување со изборните нерегуларности како и обезбедување услови за одржување фер и демократски избори
Проектни активности
- Идентификување на нерегуларностите во текот на локалните избори во 2005 година и нивно следење во преткривичната и кривичната постапка
- Набљудување на судските предмети за кривичните дела против изборите и гласањето
- Соработка со релевантни институции (јавни обвинителства, судови, државна изборна комисија и други)
- Изработка на Финален извештај за состојбата на изборните нерегуларности, вклучувајќи заклучоци и препораки за измена на изборното законодавство
Контакт:
Александар Стојановски – Проектен координатор
e-mail: astojanovski@gmail.com
тел: +389 2 3215263
Донатори:
OSCE Набљудувачка Мисија во Скопје
Фондација Институт Отворено Општество – Македонија
![]() |
